Дискографија

Сузана Спасовска гостувала речиси низ целиот свет: САД, Канада, Европа, Австралија, а имала и настапи на врвни светски сцени, како: Ватрослав ЛисинскиЗагреб, Цанкарјев домЉубљана, Брукс центарМелбурн, Опера хаусСиднеј и др. Почнувајќи од 1986 до 2015 година, таа има издадено повеќе од 15 албуми, меѓу кои и две двд изданија, почнувајќи од:

  1. Земи ме (1988): „Дојди пиле љубено“,„ Ах мил, убав мој“, „Земи ме“, „Води ме во рај“, „Не сум ти кукла“, „Не ти верувам“, „Младост остани“, „Од твојте очи“, „Илија момче сојлија“, „Те чекам“, „Една насмевка“.
  2. Робинка (1992): „Робинка“, „Мандолини и гитари“, „Грешно вњубени’, „Чувај се мој војнику“, „Ќе го љубам довека“, „Свадба убава“, „Ајде Душко Кажи ми“…..
  3. Џаро ми е драг(1993): „Џаро ми е драг“, „Стара мајко“, „Си имам јадови“, „Казни ја Боже“, „Ти, ти“, „Бегај ѓаволе“, „Супер пар“, „Нема да дозволам“, „Ако сакаш љуби ме“.
  4. Македонски бисери (изворни песни – 1997): „Не виткај се Софче“, „Параходот ми пристигна“, „Бор садила мома Евгенија“, „Јано мори“, „Не си г продавај Кољо чифликот“, „Билбил пее“, „Пилето ми пее“, „Судбо моја“, „Благуно дејче (дует со Пепи Бафтировски)“
  5. Македонски бисери (1997) DVD: „Не виткај се Софче“, „Параходот ми пристигна“, „Јано мори“, „Не си г продавај Кољо чифликот“, „Билбил пее“, „Пилето ми пее“, „Судбо моја“, „Благуно дејче (дует со Пепи Бафтировски)“
  6. Песно развесели ме (1998): „Песно развесели ме“, „Ти си ми по мерак“, „Не е штос“, „Личен Дејан“, „Добар чочек пари вреди“„Фалбаџијо“, „Плати ми“, „Гори срце, гори“, „Не ми треба богатство“,„Отров ти е душата“+екстра хит „Џингрлака Џикица“ (во втората верзија на касетата)
  7. Бомба (2001): „Бомба“, „Миле, Миле“, „Ај со среќа денот“, „Аман, аман“, „Среќен роденден“, „Чоколада“, „Гордо Македонијо“, „Расти сине“, „Земјо моја“, „Стара мајко“, „Егејска мака“.
  8. Балканска истина (дуетско цд со Васко Лазаров, издадено за Бугарски пазар-2004): „Високи чардаци-В.Л.“, „Здравоживо домаќини-С.С.“, „Кирчо на чардак-В.Л.“, „Засвири една наша-С.С.“, „Като Лена-В.Л.“, „Сватба убава-В.Л.“, „Маико-В.Л.“, „Билбил пее-С.С.“, „Балканска истина(дует)“.
  9. Здравоживо домаќини (2005): „Здравоживо домаќини“, „Две лози“, „За нас“, Зумба, зумба“, „Дај ја сметката“, „Јас те сакам“, „Од љубов не се бега“, „Животот е многу убав“, „Ако душо, ако“, „Младо Охриѓанче“, „Засвири една наша“, „Стојане сто те убиле“, „Отров ти е душата“, „Грешно вљубени“, „Печалбарска балада“.
  10. Песни за татковината (2005) – Двојно цд со Здравоживо домаќини: „Столетна“, „Навек векуваш Македонијо-дует со М.Т“, „Александар цар Македонски“, „Стани Македонијо“, „Пусти да се тие граници“, „Лешочките камбани“, „Каде се дванаесетмината“, „Егејска мака“, „Наша татковино“, „Бошја реч“, „Гордо Македонијо“, „Расти сине“, „Пеј, бистро пеј-дует со Н.П.“, „Земјо моја“.
  11. Здраво-живо домаќини (2006) DVD
  12. Празнична (2008): „Празнична“, „Вино му се пие“, „Бериќет“, „Илинденска“, „Ќе се женат другари-дует со Е.П.“, „Родно огниште“, „Низ корија зелена“, „Митра низ двори шеташе“, „Китуше, Митуше-дует со гр.Бекрии“, „Жилче, доме мој“, „Саде ти се чудам Цвето“, „Младост“, „Љубов“, „Урнебес“, „Прочка-дует со М.Т.“.
  13. Бакрдан (народни песни во етно стил наменети за Хрватскиот пазар (2008) – со Цане Петров: „Смилјана“, „Македонско девојче“, „Сношти појдов мила мамо“, „Невесто мори убава“, „Ој девојче, ран бел мој“, „Ацано млада невесто“, „Там дека има високи чардаци“, „Каде се чуло видело“, „Билјана платно белеше“.
  14. Сполај ти Боже (2013): „Заради децата“, „Градат Мијаци крсто до облаци“, „Печалбарска“, „Сполај ти Боже“, „Еден е животот-дует со В.Л.“, „Велигден дојде“, „Денес ми е роденден“, „Оган да го гори“, „Една е, една Македонија“, „Мерак песна-дует со С.С.“, „Осум бигори на Македонија“, „Свадбарска-дует со гр. До Ре Ми“, „Велигден се до Спасовден“, „Божиќна“, „Те љубам“.
  15. Македонски бисери 2 (2013-народни песни)- Двојно цд со „Сполај ти Боже“: „Ој Јоване“, „С каменички флат мамо“, „По друм одам мајче“, „Белите манастири“, „Виното и песната“, „Сношти појдов мила мамо“, „Пушко ле, пушко“, „Внуците на Гоце“, „Ој девојче, ран бел мој“, „Море сокол пие“, „Што имала к’смет Стамена“, „Сестра кни брата на вечера“, „Таму долу крај Белото Море“, „Македонки билбилјанки“, „Калино моме“.
  16. Тоа сме ние (2013) – со Гоце Џуклески: „Тоа сме ние“, „Денес ми е роденден“, „Во срцево те насликав“, „Нека памети“, „Новогодишна снегулка“, „Пеј, играј со мене“, „Валцер за младенците“, „Песна за Водици“.
  17. Виолина и глас (2014)-Со Зоран Џорлев (изворни песни, снимени со виолина и гласот на Сузана С.): „Те видов и се заљубив“, „Налеј, налеј“, „По друм одам мајче“, „Ајде брала мома“, Жали Горо“, „Параходот ми пристигна“, „Градел Илија манастир“, „Црна се чума зададе“, „Сношти појдв, мила мамо“, „Т’га за југ“.
  18. Македонски бисери 3 (2014) – народни песни: „Земјо Македонска“, Петро ле, пиле шарено“, „Три години стана“, „Мори сваќе, сваќе“, „Таму долу крај Белото Море“, „Остана Ратка млада удовица“, „Болен лежи млад Стојан“, „Ајде да си речеме една песна“, „Македонско девојче“, „И ние сме деца на Македонија“.

Спасовска истовремено работела како директорка во нејзината матична продукција ’’С Национале’’, основана во 2010 година. Досега ги има реализирано концертите: 10 години од смртта на Васка Илиева, насловен како ’’Земјо Македонска’’ во 2011 година; ’’Македонско име нема да загине’’ во 2011 година; Концертот во чест на Секула Пупиновски во 2012 година; Етно фест ’’Три Круши ’’ во 2010 ,2011 и 2012 година; снимен еден циклус на музичката емисија ’’Здраво-живо домаќини’’. Таа била и директорка е на Лешочкиот фестивал неколку години по ред.

Од почетокот на својата кариера, таа има забележани дуети снимени со повеќе пејачи, почнувајќи од Мишко Талески (”Верувај во овој живот”,”Навек векуваш Македонијо”,”Прочка”,”Вечнаја памјат владико Кирил” и др.), [[Наум Петрески]] (”Животот е многу убав”, Пеј, бистро пеј”, ”Невено, Невенке”, ”Цветините очи черешови”, ”Лино, моме Лино”), со [[Евто Пупиновски]] (” Ќе се женат другари”), со [[Миле Кузмановски]] (”Што спечаливме”), со Спасен Силјановски (”Мерак песна”), гр. Свадбари (”Свадбарска”), Борис Чоревски (”Печалбарска балада”, ”Столетна”), Дарко Нечовски (”Бог го има секој клуч”), [[Новица Василевски]] и Биоритам (”Назад, назад, Калино моме”), групата „Академци“ (“Петка, глава“), Оливер Додев(“Имала мајка рани две“), како и уметникот од Бугарија Васко Лазаров (”Балканска вистина (снимена и на бугарски јазик-Балканска истина)”, ”Терзиче младо”, ”Еден е животот”,”Пусти да се тие граници”), вклучувајќи ги и дуетските цедиња со Цане Петров (”Бакрдан”), Гоце Џуклески (”Тоа сме ние”) и Зоран Џорлев (”Виолина и глас”).

Во организација на „Роса продукција“, на 4 март 2016 година, Спасовска одржала голем јубилеен концерт по повод 30 години од нејзината музичка кариера.[3].